Владата предводена од „Вреди“ исполнува уште една обврска, зголемување на минималната плата за вработените во Поштата на Северна Македонија, велат од оваа коалиција.

Со решеност да се врати достоинството на работниците, како што истакнуваат направен е важен чекор за подобрување на условите заработа на вработените во Поштата на Северна Македонија.

„Под раководство на директорот Орхан Куртиши беше потпишан договор со синдикални претставници за зголемување на минималната плата на 24.400 денари – зголемување за 1.800 денари, согласно одлуката на Владата.

Ова е само почеток на серијата одлуки насочени кон радикална трансформација на јавниот сектор и животниот стандард на сите граѓани. Зголемувањата ќе продолжат постепено и во наредните месеци, согласно среднорочниот план на Владата за одржлив економски развој“, нагласуваат од „Вреди“.

Текстот „Вреди“: Работниците во поштата конечно го добиваат заслуженото е превземен од МАКФАКС.