Формирана е заедничка работна група меѓу Северна Македонија и Косово за стратешкиот проект за изградба на патот Тетово-Призрен, информираат од „Вреди“.
Ова, како што велат е проект кој со години, според нив, бил сон за граѓаните, а сега со конкретни чекори го претвораат во реалност.
„Со формирањето на оваа група започнуваме нова фаза на дејствување и посветеност. Преку овој проект ќе поврземе два историски града и ќе го олесниме движењето на граѓаните. Дел од оваа работна група од коалицијата „Вреди“ е и заменик-министерката за Транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, која ќе ги надгледува сите потребни процедури, со цел овој проект да започне што поскоро и да оди напред со незапирливо темпо. Ние сме за промени, не за ветувања, туку за конкретни резултати. Затоа што граѓаните заслужуваат проекти кои директно влијаат на нивните животи, а овој пат е еден од најважните“.
Имињата на членовите на групата, според соопштеното, се веќе избрани од двете страни. Во иднина се очекуваат блиска координација и брзи чекори кон фазата на дизајнирање и потоа имплементација на терен.
Буџетот, соопшти „Вреди“ за фазата на проектирање на тунелот е веќе распределен во годишниот буџет на нашата држава, што, како што оценуваат, гарантира финансиска стабилност и волја овој проект да се заврши до крај.
Патот Тетово-Призрен ќе стане реалност, прецизираат од коалицијата.