Невообичаен случај се случил денеска во селото Врапчиште.
Едно семејство наместо телото на нивната почината мајка, добило тело на непознат маж, јавува репортерот на ТВ21 од терен.
Семејството за ТВ21 вели дека откако го прифатиле телото, забележале дека наместо нивната мајка, во ковчегот се наоѓа тело на непознат маж, па затоа се упатиле кон Инфективната клиника во Скопје, каде починала жената.
По повеќечасовно барање, телото било конечно пронајдено во Гостивар, каде по грешка било испратено од болницата.
Случајот во кој беа измешани две тела ги шокираше жителите на Врапчиште.