

Конкур Мондиал де Брисел / Concours Mondial de Bruxelles – CMB е вински натпревар кој поради неговата популарност и експоненциален раст на учесници и на вински критичари ангажирани буквално од секое “ќоше” на планетата, природно се подели на неколку помали настани со цел да се задржи фокусот на квалитетот во оценувањето на вината. Позади овој натпревар стои искусна белгиска компанија, Винопрес. Компнијата повеќе од три децении работи во делот на маркетинг и комуникации. Самата компанија има соработка со преку 800 соработници, главно реномирани вински новинари и критичари ширум светот, што ја позиционира како главна порта за промоција на вина, сорти и виногорја, во светот.
Влегувањето на сортата Вранец во протфолиото на натпревари на Конкур Мондиал де Брисел, значи голема светска промоција на вината, регионите и земјите кои се тесно поврзани со оваа сорта, но исто така отвора можност за приклучување на други значајни вински сорти во насока на севкупно презентирање на се повеќе популарниот балкански вински полуостров. До сега ниту еден интернационален натпревар надвор од балканот не посветил толку внимание кон вината од сортата вранец, кои се за останатиот дел од светот најчесто непознати.
“Објавувањето на проектот Вранец Селекција / Vranec Selection побуди изнвонреден интерс кај винските судии од целиот свет, искажувајќи го својот интерес за учество на најавениот натпревар”, изјави организаторот. Објавувањето на земјата, домаќинот и датумот на овој настан се очекува кон средината на Јуни 2023.