Вработените во Управата за јавни приходи денеска излегоа на протест.

Тие преку протестот го изразуваат своето незадоволство од работата на министерот за финансии Фатмир Бесими кој не даде согласност за новиот Колективен договор на Управата за јавни приходи.

„Во содржината на посочениот договор е утврдено зголемување на платите на вработените во Управата за јавни приходи, што е легитимно и основано согласно одредбите на член 66 од Законот за буџети. Во исто време таквата примена на посочениот член ја потврди и Собранието на Република Северна Македонија со давање на свое автентично толкување. Претходно работни групи делегирани од работодавачот и репрезентативната синдикалната организација Солидарност изготвија и заеднички ја прифатија содржината на новиот Колективен договор на ниво на работодавач“, соопштија вработените во УЈП.