Синдикатот на научни институти повторно го крена гласот за покачување на платите и достави низа барања до Министерството за образование. Револтирани од сегашниот статус, синдикалците бараат потпишување нов колективен договор и систематски решенија за зголемување на платите. Како што велат, со години нема нови вработувања во некои институти и нема доволно средства за нови истражувачки проекти, пишува Алсат.

Синдикалците велат дека нема нови вработувања во одредени институти. На Институтот за фолклор со години не е ангажиран нов истражувач, а не се издвојуваат доволно средства за истражувачко-научни проекти.

Над 250 вработени во научните институти се погодени од овој проблем. Од Министерството за образование велат дека сега се разгледуваат сите барања на синдикалците за да се најде решение прифатливо за двете страни.