Министерството за култура и туризам информира дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно со Закон и Колективниот договор.

Причините за доцнењето, според соопштението е заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии.

Претходно денеска Синдикатот реагираше дека се оставени без плата за големиот христијански празник.

Текстот Вработените во културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два дена од следната недела, најави министерството е превземен од МАКФАКС.