Вработените од Управата за водење на матични книги денеска од 15 до 17 часот протестираат барајќи исполнување на нивните барања.

Протестот започна од Собранието и ќе заврши пред Министерството за правда.

Синдикатот бара да се донесе колективен договор, линеарно да се зголемат платите и на околу 500 вработени да им бидат признати знањата и тие да работат на соодветни позиции според образованието и искуството. Протестот започна на 27 април.