Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против пет лица, за злоупотреба на службеата положба и овластување, додека за 31 лице за помаѓање на кривично дејствие, издавање на возачки дозволи за пари.
Петтемина обвинети, вработени во Одделението за управни работи Скопје, Сектор за управно надзорни работи, Оддел за граѓански работи при МВР во повеќе наврати ја искористиле својата службена положба и овластување.
Тоа го сториле во период од ноември 2019-та до мај 2020-та година, кога пополнувале барања за издавање возачка дозвола во кои внесувале невистинити податоци, ги пуштале во процедура, вршеле одобрување и нивно издавање.
На овој начин тие им овозможиле на подносителите да се стекнат со возачки дозволи од Б категорија, иако не ги исполнувале условите за тоа, односно немале положено возачки испит.
За првоосомничениот, за кого во текот на претходната постапка беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител достави предлог за продолжување на притворот.
Со претходната постапка во овој предмет беа опфатени уште три лица вработени во Одделението за управни работи при МВР, но со направените проверки не се утврди дека тие презеле незаконити дејствија. Од тие причини, надлежниот јавен обвинител донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против овие три лица.