Аплицирал за грант од европската ИПАРД програма во земјоделството, но добил кривична пријава. Газда на фирма од Куманово тврди дека го измамила вработена во Министерството за земјоделство. Шабедин Мустафа во изјава за Алсат вели дека кај вработената ги поднел сите документи во 2018 година, а таа му се понудила да му го подготви бизнис-планот? За тоа му побарала илјада евра. Тој се согласил и ѝ ги платил. Ги собрала документите, а Мустафа добил уверување дека ќе добие неповратен грант од 400.000 евра. Истата вработена од него побарала кај неа да упати и други кои ги познава и кои сакаат да добијат грант. Тоа и се случило. Но, потоа ја изгубил комуникацијата со неа. Тоа траело се до јули 2020 година. Тогаш таа му рекла да се најдат, но не во Министерството, туку на некој паркинг. Се нашле и му дала решение од Агенцијата за поддршка во земјоделството и руралниот развој дека добил грант од 400.000 евра.

Повеќе на следниот ЛИНК.