ДАЛИ знаевте дека возраста на вашата прва бременост може да предвиди какво ќе биде вашето здравје во подоцнежниот живот? Колку и да звучи невозможно, научниците дошле до заклучок кој ја потврдува токму оваа теза. Имено, истражувачите од Државниот универзитет во Охајо ги споредиле жените кои своето прво дете го добиле како тинејџери, односно на возраст од 15 до 19 години, за време на раната зрелост на возраст од 20 до 24 години и кога биле постари, на возраст од 25 и 35.

Резултатите покажале дека жените кои се породиле за прв пат на возраст од 25 до 35 години имале подобро здравје на 40 години од двете помлади групи. Сепак, немаше значителни разлики во здравјето на средовечните жени кои родиле во тинејџерските години во споредба со оние кои се породиле на возраст од 20 до 24 години, пренесува Net Mums.

„Сите се фокусиравме само на лошите ефекти од тинејџерската бременост и никогаш не прашавме што ќе се случи кога овие тинејџерки ќе станат полнолетни. Никогаш претходно не сме го разгледале нивното здравје. До денес. Се разбира, претпоставката беше дека е подобро да се почека Но, барем кога станува збор за подоцнежното здравје на мајката, тоа не е нужно точно“, објаснува Кристи Вилијамс, водечки автор на гореспоменатата студија.