Руската војска со тенкови и оклопни транспортери пристигнала во предградијата на Киев. На социјалните мрежи, но и голем број медиуми, објавија дека се водат жестоки битки.

Но, неверојатно видео се појави на социјалните мрежи направено во предградие на Киев. Руски оклопен транспортер прегази возило во движење. Набрзо потоа се собрала група на луѓе, кои увиделе дека возачот за некое чудо го преживеал ова.