Втор ден денеска имаше привремен прекин на огнот со цел да се евакуираат цивилите во зоните каде што се водат жестоки борби помеѓу украинската војска и рускиот агресор. Сепак, договорот за прекин на огнот не се почитува од страна на русите. Моментот кога е гранатиран пункт за евакуација е снимен на видео. Според информациите на украинските власти, загинале најмалку три лица, меѓу кои и две деца. Ова се случува во Ирпин, северозападно од Киев.
Horrendous scenes from Irpin in the Kyiv region, #Ukraine. During the filming of this video, a shell hit.
Russians must end this war immediately pic.twitter.com/4NeQFCRpv5
— Hanna Liubakova (@HannaLiubakova) March 6, 2022