Фотографии со вознемирувачка содржина со монструозни злосторства беа прикажани по седницата на Советот за национална безбедност на Србија, пренесоа српските медиуми.
Се сомнева дека овие злосторства ги извршиле Вељко Беливук и членови на неговиот криминален клан, а борбата против организираниот криминал беше една од клучните теми на сесијата.
По воведното обраќање од претседателот на земјата, Александар Вучиќ, пред медиумите се обрати и министерот за внатрешни работи, Александар Вулин.
– Вељко Беливук и неговата банда паднаа. Разбиена е голема криминална група во Србија – истакна Вулин и покажа фотографии од монструозните дела на Веља Невоља и неговата група.
Предупредување, видео материјалот содржи вознемирувачки содржини: