Во страшна гужва на аеродромот во Кабул, во стампедо загинале најмалку седум луѓе, покажуваат снимките направени од новинарите вчера додека илјадници луѓе очајно се обидуваат да избегаат.

На снимката од британската информативна мрежа „Скај њуз“ се гледа како војници со бела ткаенина покриваат три безживотни тела. Не е јасно како загинале.

Новинарот Стјуарт Ремзи, кој беше на аеродромот, рече дека луѓето што стоеле пред толпата биле „здробени“ и дека лекарите трчаат од еден повреден на друг. Гледајќи ги снимките, може да се процени дека бројот на повредени е голем.