Тешка трагедија се случи утрово на мостот „Гоце Делчев“ на булеварот кон Владата. Возило БМВ прегази пешак,кој им подлегнал на повредите. Засега нема подетални информации, полицијата врши увид на местото на несреќата.
Ова е втора голема трагедија за само неколку дена во Скопје. Минатата недела на партизанска загина млада девојка, која беше удрена од возило додека поминувала на пешачки заедно со уште едно момче, кое се здобило со повреди.