„Мерцедесот” на претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков почнал да чади додека возел, па другите возачи му сигнализирале дека нешто не е во ред, дознава Фокус од неофицијални од извори во МВР.
Според официјалните информации пак од МВР, пожарот бил пријавен синоќа во 21.14, а се случил на обиколница, во близина на клучката „Мирковци”.
Возилото го управувал Манасков, а внатре бил со уште еден сопатник.
-Настанал пожар во патничко возило во движење „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.М.(48) од Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен, велат од МВР за Фокус.
Синоќа на Фејсбук страницата на Стопанската комора за енергетика беше објавено дека возилото на Манасков експлодирало и изгорело за три минути.