Возило се запали во скопски Чаир, а морала да интервенира и противпожарната служба.

-Синоќа во 00:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ настанал пожар во патничко моторно возило „голф“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Б.(43) од Гостивар, велат од полицијата.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.