Возило во сопственост на АРМ, оставено на сервисирање во Гази Баба било украдено во текот на ноќта.
Случајот во МВР го пријавил сопственикот на автосервисот.
Се работи за товарно возило „ивеко дејли–фургон“, сопственост на македонската Армија. Украдени биле и регистарски таблички од патничко возило „мазда“ кое било оставено на сервис.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Возило на АРМ исчезна од автосервис во Гази Баба е превземен од МАКФАКС.