Вчера во 18.45 часот од Медицинскиот центар Гостивар во полициската станица Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.С. (53) од село Форино.
По преземените мерки било констатирано дека Б.С. управувајќи трактор без регистарски ознаки со приколка, изгубил контрола над возилото и се превртил.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.