За Стефан Димковски, кој го превезол Љупчо Палевски Палчо од Белград до Турција, МВР ќе поднесе кривична пријава. Палевски, кој е  осомничен за грабнувањето и убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски беше фатен во турскиот град Баликесир.

Палевски најпрвин во Белград го однел неговиот адвокат,  Васко Стојков кој мислел дека осомничениот имал закажан лекарски преглед. Потоа Димковски, кој сега е во притвор го пренел во Бугарија и оттаму во Турција.  Димковски беше фатен на граничниот премин кај Дојран.

Пред медиумите при носењето во судот, возачот на Палчо изјави кусо дека не чувствува вина и дека го возел на болница.

ВИДЕО: Skopje1.mk