Дваесетгодишен скопјанец впријавил дека на 1 септември годинава учествувал во сообраќајна несреќа во Шуто Оризари, во која се судриле патничко возило „мерцедес“ и електричен тротинет што го управувал тој.
При несреќата младиот тротинетист се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Според неговата пријава, со возачот на автомобилот постигнал договор да му плати за болничките трошоци, но тоа не било сторено, поради што со задоцнување го пријавил настанот во полиција.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на автомобилот и целосно расчистување на случајот.
Текстот Возачот му ветил дека ќе плати за болничките трошоци, но не исполнил – тротинетистот со задоцнување го пријавил настанот е превземен од МАКФАКС.