Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, пријавила дека ѝ се заканувал возач од автомобил на булеварот „Словенија“ во Скопје. Возачот потврдил дека поминал покрај неа со возилото, но рекол дека не  ѝ се заканувал.

Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01 јуни на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Арсовска.

Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не успеал.

Од МВР велат дека е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Возач преку прозорец од возило ѝ се заканувал на Арсовска е превземен од МАКФАКС.