По вчерашното видео на „Тик-Ток“ каде граѓани користат полициски значки и палки за да поминат патарини, денес е објавено ново видео каде возач управува со возило со 255 километри на час.
На социјалната мрежа „Тик-Ток“ се појави ново видео објавено од возач на автомобил, кој во градски средини каде е дозволено 50 вози со 140 километри на час, а на автопат каде е дозволено возење до 120 километри на час вози над 250 километри на час.