Патничкиот воз со број 641 кој вчера сообраќал од Скопје за Битола, наместо за три часа во Битола стигнал за осум часа, едвај до Прилеп.
Возот тргнал од железничката станица во Скопје во 6:53 според возниот ред, а во Битола требало да стигне во 10:20 часот, но стигнал попладнево.
Патниците во чекале во Зелениково прво друг воз да биде тргнат од пругата, а потоа во големиот тунел кај Богомила со часови чекале да се санира пукната шина.
Возот тргнал од Богомила кон Битола, но патиците кои биле за во Битола, од Прилеп биле превезени со комбе.
Неколкучасовните патувања со воз не се новина кај нас, се случуваат редовно иако и во лето на 40 степени и во зима на минус 20 степени.