Скопје се поврзува со уште пет нови дестинации. Од скопскиот аеродром се воведуваат летови до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

„Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија. Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје. Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје. Ова се пет нови авиолинии кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром“, рече Николоски.

Тој додаде дека за една година се отворени 16 нови авиолинии.

„Со 11 нови линии кои што веќе ги отворивме и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии кои ги отворивме за само една година. И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром“, рече Николоски и најави дека во следниот период ќе има уште нови авиолинии.

Текстот Воведени нови летови од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага е превземен од МАКФАКС.