Воспоставен контакт со исчезнатиот 39-годишен беровчанец Александар Черговски за кого во изминатиот период имаше интензивна потрага за негово пронаѓање. Веста за воспоставениот контакт со Черговски ја соопшти неговиот внук Кирил Черговски кој им се заблагодари на сите кои масовно ги споделуваа објавите за исчезнатиот Александар.
– Почитувани пријатели, сакам на сите да ви се заблагодарам за секое споделување во врска со мојот чичко Александар, со помош на вас успеавме во рок од 24 часа да го пронајдеме и воспоставиме контакт, ви благодарам на сите уште еднаш за секоја ваша споделена објава и искажана молитва. Господ е голем, ви благодарам уште еднаш, се вели во објавата на внукот Кирил Черговски.
Потрагата по 39-годишниот беровчанец по пријава од Интерпол од Германија ја вршеше секторот за меѓународна полициска соработка при МВР кои по неколку направени контакти вршеа проверки на неколку локации.
Дополнителни информации за овој случај се најавени во текот на утрешниот ден.