Најмалку 10 луѓе загинаа откако вооружен маж влегол во супермаркет и почнал да пука. Инцидентот се случи во градот Бафало во американската сојузна држава Њујорк.
Во инцидентот три лица се повредени. Четворица од убиените биле вработени во супермаркетот, меѓу кои и еден припадник на обезбедувањето.
Напаѓачот објавил „манифест“ на интернет, а нападот го пренесувал на „Твич“ (Twitch), социјална мрежа за емитување во живо (стриминг) на видеосодржини.