Јапонскиот премиер Јошихиде Суга воведе вонредна состојба во Токио, која ќе трае до 22 август.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.
Властите на земјата одлучија да воведат вонредна состојба поради нагло зголемување на случаите на инфекција со коронавирус во регионот. Вчера, Токио забележа најголем број нови случаи со КОВИД-19 од средината на мај (920).
Денес, Меѓународниот олимписки комитет и организаторите на Игрите ќе донесат нова одлука во врска со присуството на локалните навивачи на спортски објекти. Многу е веројатно, натпреварите во главниот град на Јапонија и околните префектури да се одржат без гледачи.