Претседателот на Полска објави декрет со кој се воведува вонредна состојба на границата со Белорусија на 30 дена поради мигрантската криза.
Како што истакнал тој во својата одлука, вонредна состојба се воведува на 183 места лоцирани во три километарскиот појас долж границата со Белорусија, што многумина го оценија како потег без преседан во посткомунистичката историја на Полска.
“Ситуацијата на границата со Белорусија е тешка и опасна. Полска, како држава одговорна за нејзините граници, но и за границите на Европската унија, мора да преземе мерки за да ја обезбеди безбедноста и на полските држави и на Европската унија”, изјавил портпаролот на полскиот претседател Блажеј Спичалски.
Тој додал дека во последните неколку месеци илјадници мигранти се обиделе да побегнат од Белорусија во земјите од Европската унија, од кои Полска, Литванија и Летонија биле најпогодени.
Според властите, само во август, околу 3.200 мигранти илегално сакале да ја преминат границата меѓу двете земји, а ситуацијата ескалирала особено по кризата во Авганистан, кога многу граѓани ја напуштиле земјата поради талибанските походи.