На грчкиот остров Санторини е прогласена вонредна состојба поради зголемена сеизмичка активност која продолжува да го потресува популарниот остров во Егејското Море и соседните Аморгос, Анафи и Иос, а што поттикна многу жители и посетители да ја напуштат областа, пишува онлајн изданието „Катимерини“.
Вонредната состојба ќе важи до 3 март, соопштија властите за цивилна заштита.
Земјотресите продолжуваат да ја тресат областа, зголемувајќи го ризикот од сериозни одрони и паѓање на карпи.
Само во ноќта меѓу вторникот кон средата шест земјотреси со јачина од околу 4 степени се регистрирани во областа Санторини, по кои синоќа следеше посилен потрес со јачина од 5,2 степени јужно од Аморгос.