По репортажата на Телевизија 21 и репортерот Јовица Пауноски од село Нов Истевник, доцна синоќа на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски коментираше дека Ѕвонко ќе добие кров над глава со сите услови и храна.

„Ѕвонко не се обратил до општината ниту до мене како градоначалник. Во текот на утрешниот ден ќе биде сместен и ќе добие кров над глава со сите услови и храна“, коментираше градоначалникот Трајковски.

Екипа на ТВ21 беше во Нов Истевник, село кое пред четири дена се бореше со пламените јазици. Таму целосно изгорени се четири куќи, а делумно зафатена една викендица.

Селото повеќе од два месеци е без вода, а веќе една недела без струја. Жителите велат дека досега никој не ги посетил ниту пак ги прашал дали имаат потреба од нешто.