Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска го повика портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски по пресудите за Титаник да побара одговорност од раководството на партијата и Христијан Мицкоски.
„Сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени со судски пресуди. По признанијата на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе го повикате Христијан Мицкоски и раководството на партијата?“ го праша Кузеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на Канал 5 телевизија.
Кузеска го упати Арсовски на темата криминал да истражи во белиот дворец, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.