Американскиот телевизиски новинар Лари Кинг е сместен во болница во Лос Анџелес, откако имал позитивен тест на коронавирус, објави „Дејли мејл“.

87-годишниот Кинг, кој се прослави со интервјуата емитувани на Си-ен-ен во неговото ток-шоу, припаѓа на ризичната група пациенти поради неговите години и лошото здравјее.

Досега имал бројни здравствени проблеми – срцев удар, рак на простатата и белите дробови, дијабетес типот два.

Кинг е пренесен во болница откако негов гостин во емисијата на Лари бил хоспитализиран во Лос Анџелес.