Шеста година по ред се повторува ситуацијата во есенскиот период водата во Тетово да добие невообичаен вкус и мирис, но, првичните анализи покажуваат дека е безбедна за пиење, објави Алсат.
Оваа појава прв пат беше забележана во 2017 година, кога Центарот за јавно здравје утврди дека дека непријатниот мирис и вкус доаѓа од вегетацијата, осносно најмногу од лисјата од дрвјата што паѓаат во речните води месноста Лешница од каде се зема вода за новиот водоснабдителен систем.
–Првичните анализи се добри и водата е безбедна за пиење. Бактериолошки и хемиско-физички водата е исправна за пиење и сега. Ако на граѓаните не им е пријатна вака водата, да не ја употребуваат во наредните неколку дена. Искуството покажа од минатите години дека невообичаениот мирис и вкус по неколку дена дека ќе ги снема, објаснува д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје во Тетово.
Центарот секојдневно прави контрола на квалитетот на водата во градскиот водовод. Оваа појава минатите години се надминуваше и со засилено хлорирање.























