Русија се соочува со недостиг на муниција, тврди лидерот на паравоената група, или платеници,  Вагнер која се бори да го завземе Бахмут. Пригожин предупредува дека целиот фронт ќе се распадне доколку борците на Вагнер се повлечат од бојното поле.

Во видео порака објавена на социјалните мрежи тој го обвинува Путин дека не му испорачува оружје и муниција. Платениците на Вагнер, кои се паравоена формација и не се под команда на руската Армија, подолг период оперираат во Луганската област и се обидуваат да го завземат Бахмут, каде во изминатите неколку денови се водат силни борби.