Водачот на отпорот против талибанците во Авганистан денеска објави дека борбата ќе продолжи, јави ДПА.

„Нема да се откажеме од борбата за Алах, слобода и правда“, напиша на Фејсбук водачот на авганистанскиот национален фронт за отпор, Ахмад Масуд. Неговата изјава најверојатно е одговор на непотврдените извештаи дека Панџшир, единствената провинција надвор од талибанската контрола, била заземена и дека водачите на отпорот избегале во странство.

Во вчерашната видео порака, авганистанскиот потпретседател Амрула Салех рече дека живее во родната провинција Панџшир и дека отпорот продолжува.

Борбите се водат пет дена помеѓу фронтот на отпорот и талибанците над долината Паншир. Пред тоа, имаше кратки и неуспешни преговори за изнаоѓање мирно решение за конфликтот. Портпаролот на отпорот рече дека талибанците му понудиле на Масуд функција во нивната влада, но тој одбил.  (МИА)