Вардар во овие моменти го игра финалето на Хумел Купот, кој се одржува во Германија. Домаќин е тимот на Магдебург. Вардар вчера го совлада Холсебро (33-28), а Магдебург беше убедлив против Горење (33-23), па денеска во финалето, за пехарот на Хумел Куп ќе играат македонскиот првак и германскиот претставник во Европска лига.