МВР интензитвно продолжува со потрагата по Сашо мијалков. Во тек се информативни разговори со лица кои можби поседуваат информации или се поврзани со овој случај. 10 лица меѓу кои членови на семејството и обезбедувањето досега се повикани на информативен разговор. Обезбедени се снимки од камерите од зградите и улиците. Ова го изјави министерот Оливер Спасовски во првото негово појавување пред јавноста на прес конференција по бегството на Сашо Мијалков. Тој ги соопшти и деталите по хронолошки ред што се случувало викендов.