Градоначалничката на американскиот главен град Вашингтон, Мјуриел Боусер објави воведување полициски час во градот. Полицискиот час стапува на сила во 18 часот по локално време.
Tаквиот потег е преземен откако демонстранти приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп упаднаа на Капитол во момент на седница на двата дома на Конгресот за верифицирање на изборниот резултати.
Блумберг јави дека полицијата употребила и солзавец за да ги растера демонстрантите.
Трамп на Твитер објави дека треба да и се даде поддршка на полицијата.
„Тие се на страна на државата. Останете мирни“, наведе Трамп на Твитер.