Со два воено-транспортни авиони на Бугарија претпладнево телата на загинатите во автобуската несреќа се пренесени во Скопје. Веднаш по слетувањето, телата ќе бидат предадени на семејствата. Беше планирана и поворка од аеродромот до плоштадот „Скендербег“ каде граѓаните ќе можеа да положат цвеќе, но на барање на семејствата, ова е откажано.