Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 138 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент.
На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 94 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123 во ковид центарот во Гостивар 46, а во Струга 25 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 98 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 31, Кавадарци 61, а во Гевгелија 26 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 68 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 688 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 23 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 48 болни.
Вкупно 688 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.