Во затворот КПУ Идризово починал Реџаил Ќерими, лице кое беше осудено на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските Алфи кај ПМФ.
За смртта на Ќерими, на социјалните мрежи објави член од семејство.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека е пријавена смрт на затвореник во овој затвор со иницијали Ќ.Р. (52) од Куманово.
Неофицијално Ќерими починал како последица на мозочен удар.
Инаку, во 2008 година на паркингот на Математичко -природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските Алфи еден припадник на единицата загина, додека пак двајца негови колеги, со кои бил на патрола, беа повредени.
Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.
Џетула Ќерими, роднина на покојниот Реџаил Ќерими во ексклузивна изјава за Алсат раскажува како и од кого ја добил веста за смртта на Реџаил. Тој дури нагласи дека семејството нема да дозволи да се изврши обдукција на телото на Реџаил бидејќи немаат доверба во државните органи. Според него, Реџаили претрпел 13 години затвор како невин, дознава Алсат.
Џетулаи ги открива и причините зошто не дозволиле обдукција на телото на Реџаил.
„Не прифативме обдукција, кога знаеме дека поминал 13 години во затвор невин, се потсмеваат со затворениците и со семејствата на затворениците, само за да ги постигнат своите политички цели. Не контактирав со Реџаили деновиве, но тој до 12 часот ги контактираше браќата и сопругата и рече дека е добро“, изјави Јетула Реџаили, член на семејството.