Владата на денешната седница го разрешила сега веќе поранешниот директор на скопскиот затвор „Идризово“, Шпенд Тахири, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција, објави „360 степени“.

На место на Тахири, за нов в.д. директор на најголемиот затвор во државата е именуван генерал-мајор Зоран Јовановски, кој, како што соопшти Ковачевски има богата професионална кариера во Министерството за внатрешни работи.

„Денеска на седница на Влада донесовме одлука за именување на нов в.д. директор на на КПД `Идризово`.  Досегашниот директор беше разрешен од фунцијата, а за нов директор на мој предлог е именуван генерал-мајор магистар Зоран Јовановски кој има погата професионална кариера пред се во Министерството за внатрешни работи“, рече Ковачевски.

Инаку, разрешувањето доаѓа во истиот ден откако Управата за извршување на санкции потврди дека во затворот Идризово бил откриен тунел за бегство. Наводно го копале неколку затвореници, на смени, како на филм.