„СДСМ ја продолжува изборната кампања за вториот круг, во кој се бориме за 17 градоначалнички места. СДСМ докажа дека на овие избори има одлични кандидати кои ја добија довербата од граѓаните. Тие освоија повеќе од 155.000 гласа, и ги повикуваме сите кои ја препознаа чесната понуда на СДСМ и чесните кандидати да излезат во вториот круг“, велат од СДСМ.

„СДСМ ги повикува сите граѓани кои гласаа за другите кандидати што не влегоа во вториот круг, да дадат поддршка на нашите кандидати. Тоа се луѓе кои ќе работат во интерес на сите граѓани, кои им служат пред сè на граѓаните, нивните интереси и барања.

Нашите кандидати имаат реални програми и план за реализација на ветеното, наспроти кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ кои докажано не реализираат ништо од ветеното“, се додава во соопштението на СДСМ.

Текстот „Во вториот круг се бориме за 17 места, граѓаните масовно да излезат на гласање“, повика СДСМ е превземен од МАКФАКС.