Според изводи блиски на кралското семејство, вработените во Бакингамската палата со високи чинови, кои се најблиски до кралицата Елизабета втора, сметаат дека е време принцот Хари и Меган Маркл целосно да се откажат од своите титули, бидејќи уште пред една година донесле одлука да се откажат од сите кралски обврски.
Сите во палатата се чувствуваат предадено откако принцот Хари минатата недела уште еднаш го нападна татко си, принцот Чарлс, како и целото семејство. Гостувајќи во подкастот на Дакс Шепард, 36-годишниот Хари изјави дека татко му многу лошо го одгледувал, но и дека никој не треба да се чуди со оглед дека тоа го имал научено од своите родители кралицата Елизабета втора и покојниот принц Филип.
– Луѓето се запрепастени од таквата изјава. Никој не може да верува дека тоа ѝ го направи на кралицата, кога војводата од Единбург е штотуку закопан. Да го вовлече дедо му во сето тоа, не само што е шокантно, туку и израз на непочитување, откри извор од палатата и додаде ако толку многу не му се допаѓа Институцијата која го израсна, треба да ги врати титулите.
Додека друг вработен предложил на него и Меган да им се замрзнат титулите, да не можат да ги користат и во иднина да им се обраќаат само по лично име.