Венецуелските власти доцна синоќа соопштија дека 15 лица загинале по силниот дожд што во последните недели падна во земјата. Според претходниот биланс од 1 октомври, пријавени се 13 загинати, додека три лица се водат како исчезнати.
Невремето предизвика поплави на околу 50 километри од Каракас, соопштија локалните власти, додавајќи дека спасувачката операција се уште е во тек и дека во некои делови од земјата нема струја.
Во Венецуела од почетокот на годината има натпросечни врнежи, што се смета дека е поради временскиот феномен Ла Ниња, кој предизвикува заладување на делови од површинските води на Пацификот.