Вкупно 85,196,986 дози вакцина против „Ковид-19“ се дадени во Велика Британија, а 38,345,841 лица ги примиле двете дози, објави „Гардијан“.

Advertisements

Британскиот министер за здравство и социјална заштита, Саџид Џавид, изјави дека за помалку од осум месеци, здравствените услуги низ Обединетото Кралство дале повеќе од 85 милиони дози, и дека тоа е феноменален успех. „Британија се покажа во најдобро издание“, посочи Џавид и ги повика граѓаните да ја примат втората доза од вакцината, доколку веќе не го сториле тоа, со цел да се заштитат себеси и своите најблиски.

Министерот за вакцинација Надхим Захави рече дека британската програма за вакцинација постигнала исклучителен успех и овозможила внимателно да ги ублажи рестриктивните мерки.

Вакцинацијата со две дози е една од најважните работи што луѓето можат да ја направат за да помогнат да се изгради одбранбен ѕид околу себе, блиските и Британија, нагласи Захави, повикувајќи ги сите да се вакцинираат за да можат да ги прават работите што им недостасуваат.