Со измерени 43 степени денеска најтопло било во Велес и Кавадарци, соопшти УХМР.

42 степени биле измерени во Демир Капија, 41 степен во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, и Гевгелија.

Во Битола, Штип и Струмица измерени се 40 степени.

По 39 степени се измерени во Тетово и Виница, 37 во Прилеп, 36 во Охрид и Крива Паланка, 35 Претор, 34 Берово, 31 степен во Крушево, Маврови Анови, 30 во Лазарополе, анајсвежо било на Попова Шапка со зимерени 25 степени.

До крајот на денот според најавите ќе биде сончево и многу топло со слаб западен, а во северните делови умерен северен ветер.

Во текот на ноќтa ќе преовладува ведро време, вдолж Повардариетосо слаб до умерен северен ветер./Макфакс

Текстот Во Велес и Кавадарци најтопло- измерени 43 степени е превземен од МАКФАКС.