Во Велешката болница почина жена на 84-годишна возраст од Велес, позитивна на Ковид-19 која била лекувана десет дена во Модуларната болница. Таа е 150 жртва од Велес и Велешко што почина како последица на Ковид-19.
-И вчера во Велешката болницата исто така почина жена, на 81-годишна возраст од Велес, информира портпаролот на болницата д-р Елеонора Јованова.
Во Велешката болница вкупно се хоспитализирани 97 лица, од кои 85 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и осум пациенти со негативен брис, но се задржани на болничко лекување. Споредено со вчера има пет пациенти помалку кога беа хоспитализирани 102 пациенти од кои 95 потврдени на Ковид-19.
Јованова информира дека на кислородна поддршка се 45 пациенти.